Српската министерка за здравство изјави денеска дека легализацијата на марихуаната во медицински цели не значи легализација на дрога, туку можност експертите со веродостојни методи да одредат дали таа во некои околности кај одделни пациенти може да има својство на лек.

– Секоја супстанца може да биде и лек и отров. Експертите врз основа на прецизни методи утврдуваат што е лек, која доза може да се даде на пациентот, на кој смее да се даде – рече Дејановиќ.
Таа додаде дека веќе постојат слични ситуации, дека е познато дека постои морфиумска зависност, но дека морфиумот се користи и како лек бидејќи ја ублажува болката и доведува до подобра духовна состојба на многу тешко болни пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


