| четврток, 6 декември 2018 |

Потерница за Јанукович за намерно масовно убиство

Против поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович е покрената потерница за намерно масовно убиство, јави ИТАР-ТАСС.

Киевскиот Окружен суд нареди негово апсење, изјави Олег Махницки, вршител на должноста главен обвинител на Украина. – Против него е распишана потерница. Обвинението е масовно убиство под тешки околности, објасни Махницки.

Именувањето на Махницки за привремен главен обвинител беше потпишано денеска од привремениот претседател на Украина Олександар Турчинов, кој почна со потпишување на документи усвоени од Врховната рада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top