Парламентот на Украина денеска, во прво читење, го одобри документот со кој се бара од Меѓународниот кривичен суд да поведе постапка против поранешниот претседател Виктор Јанукович и други одговорни лица „за злосторства против човештвото за време на мирните протести во периодот од 30 октомври 2013 до 22 февруари 2014 година“.
Како што јави ИТАР-ТАСС, во документот се посочува дека Јанукович и другите лица се одговорни за смртта на преку 100 граѓани од Украина и други земји. Според Парламентот, во протестите биле повредени околу 2.000 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.