| четврток, 6 декември 2018 |

Во НБА играчите заработуваат милиони и кога не играат кошарка

Најсилната светска кошаркарска лига на планетата, НБА, е специфична по многу работи, а случајот со Гилберт Аренас покажува дека понекогаш има и нелогични правила. Кошаркарот на Мемфис е трет најплатен кошаркар во 2014 година со заработка од фантастични 22,3 милиони долари, а воопшто не стапнал на терените во НБА, од април 2012 година. Аренас и не игра за Мемфис, бидејќи истата година во ноември настапува за Шангај шаркс во Кина, но му останаа правата да добива плата од Мемфис, благодарение на тригодишниот договор со тимот.

Од него поплатени годинава во НБА ќе бидат само Дирк Новицки со 22,7 милиони долари што ќе ги инкасира со настапите за Далас маверикс во 2014 година и моментно отсутниот ас на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант, кој е повреден, а ќе добие 30,4 милиони долари годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top