| четврток, 6 декември 2018 |

За карневалот во Струмица се пријавиле преку 2.500 маски

Discuised people attend to the Strumica carnival in southern Macedonian sity of Strumica

На карневалот во Струмица, кој ќе се одржи викендов, се пријавени 41 група од маски, односно ќе продефилираат преку 2.500 маски, соопшти претседателот на организациониот одбор, Александар Цицимов.

Discuised people attend to the Strumica carnival in southern Macedonian sity of Strumica
– Вкупниот број учесници во карневалската поворка годинава ќе биде над две и пол илјади учесници од земјата и странство. Жрепката одлучи маската на здружението „Струма“ од Струмица да биде на чело на колоната, а поворката ќе заврши со маската на гостите од Лубрег, од пријателска Хрватска. Покрај нив, наши гости и годинава ќе бидат повеќе карневалски групи од соседните држави: Турција, Бугарија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Албанија – рече Цицимов.
Годинава вторпат Интернационалната карневалска вечер ќе биде в сабота (1 март), а како пропратни манифестации на традиционалните тримески празнувања ќе бидат: изборот на принц и принцеза на карневалот (в петок), детскиот карневал(в недела), Фестивалот на афоризам и карикатура, понеделничкиот бел граф (в понеделник), доделување на наградите на најуспешните маски (во вторник), а „Струмичкиот карневал 2014“ традиционално завршува со посетата на домот на армасаните девојки или популарно наречените „синии“ (в среда).
Организаторите очекуваат рекордна посетеност на ова традиционална карневалска манифестација, која одбележува 20 години од приемот во Интернационалното здружение на карневалски градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top