Апелацискиот суд во Атина достави до грчкиот парламент електронски податоци откриени на мобилни телефони на обвинетите во делото против неонацистичката партија Златна зора.
На мобилниот телефон на уапсениот Јанис Казанџоглу, обвинет за соучество во убиството на раперот Павлос Фисас, имало и видеоснимка на која проврзаници на Златна зора извикуваат „Ги гледате овие, кои ги нарекувате Албанци, алишта ќе си направиме од нивните кожи, куќите ќе си ги обоиме со нивната крв“.
Минатата недела истражните власти до Парламентот го доставија заклучокот дека партијата Златна зора е воена структура со оружје и со јасни изразени ставови, поврзани со Хитлер и нацизмот. Истражните власти побараа да се покрене судски процес против деветте пратеници од Златна зора под сомнение за криминални дела.
Ако Парламентот го прифати барањето, тогаш сите 18 пратеници од Златна зора ќе бидат обвинети за раководење криминална организација.
Членовите на грчкиот парламент имаат имунитет од судење, но пратениците за неколку денa треба да се изјаснат за укинување на имунитетот на нивните колеги од Златна зора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лицето покажува што јадете погрешно: Вино-црвенкаста кожа, глутен-отечени образи, шеќер…
-
Што да направите кога ќе изгорите на сонце и кожата ќе почне да ви се лупи?
-
Кожата сигнализира на болести: Проверете ги сигналите што ви ги дава
-
Златна зора отстранета од седница, повика војската да ги уапси Ципрас, Каменос и Павлопулос