| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров: Украина не смее да избира меѓу Западот и Русија

lavrov

Опасни и контрапродуктивни се обидите да ѝ се наметне на Украина избор по принципот „или сте со нас или сте против нас“, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по разговорите со министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн.

Лавров потенцира дека во интерес на Москва е Украина да стане дел од заедничкото европско семејство.

– Русија и Луксембург го потврдија својот став за немешање во ситуацијата во Украина – истакна Лавров, додавајќи дека двете земји изразиле загриженост од настаните во Украина. Лавров наведе дека Русија би сакала подобро да ги сфати односите на ЕУ со заедничките соседи.

Аселборн наведе дека ситуацијата во Украина може да се стабилизира само преку тесна соработка меѓу Русија и Европската унија.

– Важно е во дијалогот да учествуваат сите региони на Украина, сите етнички малцинства – посочи Аселборн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top