„Сан продукција“ ви го најавува гостувањето на едни од најголемите и најбарани имиња на електронската музичка сцена во моментов: диџеите Али и Фила (Египет) и диџеј Атма (Германија).
На 14 март во МКЦ – Скопје ќе настапи египетското дуо кое во последниве неколку години се рангира во врвот на светската електронска музичка елита. Тие се креатори на популарното музичко радио шоу „Фјучр соунд оф Египет“, чија песна „We control the sunlight“ во 2011 година беше избрана за најдобра трака на „A state of Trance“ – радиошоуто на Армин ван Бурен.
Андреј Оливер Брасовен – диџеј Атма е еден од пионерите на електронската музика во источна Европа. Роден во Трансилванија, живее во Германија. Почнува да продуцира техномузика уште во 1991 година. Повеќе од две децении на електронската музика сцена со стотици настапи во живо на технотранс- сцената, познат во целиот свет по својот уникатен стил и неговите настапи во живо.
Влезници во предпродажба по промотивна цена од 300 денари до 12 март во 1/2 Југотон и дистрибутивната мрежа „Купи карти за сѐ“ во Скопје.
По 12 март: 400 денари, на врата 500 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.