Напаѓачот на Милан, Мбаје Нијанг, е казнет со 18 месеци условна затворска казна поради учество во сообраќајна несреќа на почетокот на февруари.
Деветнаесетгодишниот Французин на почетокот на февруари доживеал несреќа во Монпелје откако со неговото „ферари“ удрил во седум автомобили и на крајот се забил во дрво.
Бидејќи во тој момент немал возачка дозвола, Нијанг побегнал од местото, а на судењето изјавил дека така постапил поради тоа што бил во шок.
Покрај 18 месеци условна затворска казна, напаѓачот на Милан е казнет и со 170 часа општо корисна работа која мора да ја изработи до август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


