Еден шпански астроном во септември во живо следел удар на астероид со големина на фрижидер, што е многу редок феномен.
Одблесокот што го видел бил еднакво светол колку и ѕвездата Северница и можел да се види и со голо око од Земјата.
– Ова е најголемиот и највидливиот удар што сме го виделе на Месечината досега – смета Џим Мадиедо од проектот МИДАС додавајќи дека воопшто не можел ниту да го замисли ударот пред да го види на екран на 11 септември 2013 година.
Според истражувањата на Мадиедо и на неговите колеги, астероидот бил тежок околу 400 килограми со обем меѓу 60 и 140 сантиметри.
На површината од Месечината удрил со брзина од околу 60 илјади километри на час. Неговата брзина била таква што во моментот на ударот веднаш испарил и направил кратер во обем од 40 метри. За разлика од својот природен сателит, Земјата од вакви удари е заштитена со својата атмосфера која ги согорува пред да удрат на површината од планетата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Розова Месечина ќе засјае на 29 април: Носи подароци и лекции за секој хороскопски знак
-
Подгответе се: На 31 јануари на небото ќе се случува спектакл
-
Целосното затемнување на месечината на овие хороскопски знаци ќе им го промени животот
-
Вечерва сме сведоци на Супер Месечина, а со овој едноставен ритуал можете да привлечете богатство


