| четврток, 6 декември 2018 |

Новицки побрз од времето, во последна секунда го урна Њујорк

Дирк Новицки погоди кога беше најпотребно пред истекот на времето, а со неговиот кош Далас го победи Њујорк со 110-108 во еден од петте натпревари одиграни ноќеска во НБА- лигата. Германецот по мечот изјави дека тоа е најгрдиот шут што му донел победа  во кариерата.

– Баскетот удри во обрачот, па го погоди и Џери Вест (логото на таблата), се врати и влезе во кошот. Тоа беше лош удар за слатка победа – изјави Новицки.

Дирк постигна 15 поени за Далас, екипа што прокоцка 8 поени предност во последните 90 секунди од мечот.

Кармело Ентони од редовите на Никс беше извонреден, постигна 44 поени, но и тоа не беше доволно за победа против „телињата“ од Далас.

Останати резултати: Филаделфија – Милвоки 110-130, Детроит – Голден стејт 96-104, Њу Орлеанс – Лос Анџелес клиперс 110-123, Јута – Бостон 110-98.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top