
Реџеп Таип Ердоган
Во Турција на социјалните мрежи е пуштен снимен телефонски разговор на Еродоган со неговиот најмлад син Билал, снимен на 17 декември во момент кога почнува најголемата борба против корупцијата на Владата. Се врши претрес по куќите на 18 осомничени, блиски на власта на Ердоган и се вадат милиони евра спакувани во кутии за чевли чувани дома. Во тој момент Ердоган му се јавува на неговиот син и му дава инструкции да ја испразни куќата од кеш и под итно да ги организра и роднините – стрико му Мустафа, брат му Бурак, тетинот Берат и да се соберат и да решат што ќе прават со големите пари. Станува збор за една милијарда долари. Ердоган рекол да почекаат и да внимаваат со транспортот зошто тоа фаќало многу место, да се стемни, ама одма да побрзаат да ги преместат од куќата.

Билал Ердоган
Вториот разгововор потоа е со синот Билал, кој му јавува на Ердоган дека сѐ исчистиле во куќата, ама останале некои 30 милиони евра што не ги собирало во камионот и предлага со нив да купат недвижнини во конаците Сехризар, а Ердоган панично му вели ок, правите што сакате само побрзо исчистете сѐ, важно ништо да не остане дома. Едно милионче ќе му дадам на Фаик Исик вели син му, другар ми е вели, на што Ердоган вели ајде ок, но мислам дека ме пратат цело време и ме снимаат, се жали синот. Ердоган бесен вели, па што ти зборам јас, ти реков внимателно, и не збори по телефон.
Еве го преводот на целиот разговор на англиски тука http://erdogansdollars.blogspot.se/
а слушнете ја екслузивно и снимката на разговорот.
на овој линкhttps://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Cvf4aeRLu0E
Кабинетот на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган синоќа соопшти дека снимките што се појавија на интернет и за кои се тврди дека претставуваат разговор меѓу шефот на турската влада и неговиот син, се лажни.
Снимките од разговорот кој посочува на корупција во Владата се појавија откако беше објавено дека турската полиција прислушувала најмалку 7.000 луѓе, меѓу кои и премиерот Ердоган, членови на неговиот Кабинет, шефот на разузнавачката служба на Турција и новинари.
– Оваа снимка е неморална, лажна и целосно невистинита, нагласи кабинетот на Ердоган, најавувајќи дека премиерот во врска со ова ќе покрене „законска постапка“.
Турските провладини весници „Јенисафак“ и „Стар“ вчера објавија дека полицајци приврзаници на Фетулах Ѓулен, турски имам кој живее во САД, цели три години ги прислушувале телефоните на турскиот премиер, како и на бројни политичари и бизнисмени .
Ердоган ги обвинува противниците од влијателната група на Ѓулен дека се однесуваат како „држава во држава“, со цел соборување на неговата Влада со поттикнување голема корупциска истрага против негови блиски соработници.
Документите за шпионирање, ги откри новоименуваното Обвинителство што е воспоставено по масовните смени во полицијата и обвинителството што ги спроведе Владата како одговор на корупциската истрага од декември минатата година.
Корупцискиот скандал, во кој се вмешани блиски соработници на турскиот премиер, претставува еден од најсериозните предизвици во 11-годишното владеење на Ердоган, во пресрет на локалните избори во март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


