Возач на автобус од Солун кој не дозволил на двајца Африканци да влезат во автобус е осуден за расизам. Пресудена му е условна казна од 10 месеци и глоба од 1000 евра.
Го пријавила патничка во автобусот, која посочила дека во април 2013 спречил двајца црномурести да се качат во автобусот, а притоа се фалел како ја поддржува Златна зора, пренесуваат странските агенции.
Возачот, сепак не е суспендиран по инцидентот. Се бранел дека Африканците биле безобразни кога ги прашал дали ќе купат билет, додека политиката не влијаела на неговата работа.
Судот сепак одлучил дека возачот бил расистички мотивиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


