| четврток, 6 декември 2018 |

Заради нечовечки услови, штрајк на грчките затворски пациенти

korydallos1Затворениците во една затворска болница во Грција штрајкуваат со глад и одбиваат лекување заради лошите услови во таа инстититуција.  Болницата е предвидена за 60 пациенти, но во неа се примени преку 200 затвореници, велат вработените.

Поголемиот број од заворениците се заразени со вирусот на СИДА, додека оние кои се лечат од рак, бубрежни болести или срцеви проблеми се наоѓаат веднаш до оние кои се лекуваат од заразни болести како туберкулоза, хепатитис или шуга.

Се вели дека 178 затвореници го почнале штрајкот на 16 февруари со глад и со одбивање на лекови затоа што боолните од туберкулоза не биле одвоени од другите затвореници-пациенти. Ним пак им се приклучиле и околу 160 други затвореници кои се лечат од рак и од други тешки болести, на кои лековите им се неопходни.

Комесарот за човекови права од Советот на Европа Нилс Мујжњекс посочи дека е загрижен заради „деградирачката состојба“ и ги повика властите што побрзо да го надминат проблемот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top