Украинските медиуми известуваат дека Виктор Јанукович, претседателот по кого е распишана потерница, се крие во руската база во Севастопол. За него, велат е подготвен десантен брод на Црноморската флота, со која наводно ќе се упати кон Русија. Украинската полиција соопшти дека Јанукович по одлуката во парламентот за негова смена, заминал кон воениот аеродром Белбек на Крим, но по информациите дека таму го чекаат новите шефови на полицијата и државната безбедносна служба, се упатил во друг правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


