Поранешната украинска премиерка и една од челниците на опозицијата во земјата Јулија Тимошенко следниот месец ќе замине во Германија на лекување, се наведува во соопштение објавено на нејзината интернет страница.
– Поранешната премиерка Јулија Тимошенко прифати понуда од германскиот канцелар Ангела Меркел да се лекува во Германија, се вели во соопштението.
Таа ќе замине на лекување откако ќе присуствува на конгрес на европската народна партија во Даблин, што почнува на 6 март.
Тимошенко во саботата веднаш по ослободување во затворската болница најави дека ќе се кандидира на претседателските избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


