| четврток, 6 декември 2018 |

Интернет наскоро ќе биде заменет со Аутернет

internetАутернет (Outernet) е името на нов бесплатен интернет од вселената. Британскиот Дејли Меил објави вест за лансирање на Аутернет, нова ВиФи мрежа која ќе емитува сигнал од стотици минијатурни сателити кои догодина ќе бидат лансирани во пониските слоеви на земјената орбита.

Секој сателит ќе праќа интернет сигнал на компјутери и паметните телефони, нудејќи така бесплатен интернет пристап. Со тоа, жителите на Кина или Северна Кореја, каде што владее владина цензура над интернет просторот, со тоа ќе може да уживаат во интернет „слободата“.

Организацијата „Фондот за инвестирање во развој на медиумите“ (МДИФ) која што стои зад амбициозниот проект, планира лансирањата да почнат до 2015 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top