Полицијата поднесе кривична пријава против 50-годишен охриѓанец, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „ узурпација на недвижности“.
Според Секторот за внатрешни работи од Охрид, во периодот од 9 јули до 16 август минатата година, охриѓанецот узурпирал плажа, односно државен имот во вкупна површина од 5.082 метри квадратни.
Просторот го оградил и без одобрение за поставување на урбана опрема поставил три покриени шанкови, три летни тераси, една кружна дрвена настрешница, една метална платформа и метална осматрачница, повеќе дрвени конструкции со хоризонтални и вертикални греди, како и камени огради во должина од 180 метри.
Како избран концесионер на државното земјиште на кое била лоцирана плажата, пријавениот не ја платил утврдената закупнина од 457.380 денари во утврдените рокови, иако во текот на декември лани бил писмено предупреден од општината. Претходно, во текот на јули и август извршена е и испекција на местото при што е утврдено дека охриѓанецот неовластено користи државно земјиште кај плажата каде врши угостителска и туристичка дејност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


