| четврток, 6 декември 2018 |

Бањата во Виница ќе стане мултикултурен центар

vinica_01

Старата бања во Виница ќе се пренамени во современ мултикултурен центар – Општината ќе гради мултикултурен центар во рамките на прокетот „Промоција на богатството на разликите и зачувувањето на културното и историското наследство во функција на регионалниот развој“.

– Мултикултурниот центар ќе се гради во објектот на поранешната стара турска бања во центарот на Виница. Зградата, која сега целосно е руинирана и запуштена, со новото урбанистичко решение ќе прерасне во галерија и две просториии од кои едната ќе биде наменета за преноќевање на гости. Проектот чини 3.400.000 денари, а средствата се одобрени од Бирото за рамномерен развој преку Источниот плански регион – изјави градоначалникот на општина Виница Емил Дончев.

За изградбата на овој објект, општина Виница ќе издвои 400.000 денари од својот буџет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top