| четврток, 6 декември 2018 |

Од грип во Грција починале 58 лица

grip

Поради недостиг од вакцини против грип, во Грција починале 58 лица, соопшти Атинската лекарска асоцијација (ИСА).

Според ИСА, фармацевтите навреме пријавиле недостиг од вакцини против грип, но и покрај сѐ, до државните здравствени центри не биде доставени доволен број дози.

– Трагично е што луѓето умираат поради вакцина која чини шест евра – соопшти ИСА.

Атинската лекарска асоцијација додаде дека се проценува оти 40 отсто од Грците би можеле да бидат изложени на вирусот Х1Н1, кој во моментов владее во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top