| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски оствари средба со Вилијам Хејг, шефот на британската дипломатија (ФОТО)

Премиерот Никола Груевски на маргините на конференцијата во Лондон се сретна со еврокомесарот Штефан Филе и со министерот за надворешни работи на Велика Британија, Вилијам Хејг.

gruevski-hejg

 

Како што јави известувачот на МИА, на заедничката средба, која ја имаа со премиерите од регионот, се разговараше за искористување на потенцијалите за економски развој како и одржување напредок, кој е важен за целиот регион.

Соговорниците се сложија дека таквата конференција е добра можност за размена на мислења и искуства, како и остварување интензивна комуникација.

hejg-gruevski

 

Вилијам Хејг истакна дека регионот го има полното внимание на Обединетото Кралство кое ги поддржува процесите што значат подобрувње на стандардот и интегрирање на регионот. Тој изјави дека Обединетото Кралство посакува европски интегриран регион, кој е посветен кон економскиот напредок на сите држави од регионот.

Со премиерот Груевски разменија мислења за повеќе актуелни теми од регионално значење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top