| четврток, 6 декември 2018 |

Руска национална телевизија сними филм за шарпланинскиот овчар

Се наоѓаме во земјата на Мајка Тереза, Кирил и Методиј, Александар Македонски и на шарпланиакиот пес – вака е прикажана Македонија во документарниот филм посветен на шарпланинецот што ја емитуваше руската национална телевизија.

Трагајќи по татковината на шарпланинскиот овчар, екипата на емисијата „Планета собок“ за автохтони раси кучиња пронајде долгогодишен одгледувач, кумановецот Владимир Крствески, кој говори за карактеристиките на македонската гордост – шарпланинцеот.

Руската телевизија на која беше прикажана приказната за македонскиот шарпланинец има над 100 милиони гледачи. Емисијата е поставена и на „Јутјуб“, кој ќе ѝ донесе доплнителна афирмација на Македонија во целиот свет. А, за љубовта кон на ова посебено куче Крстевски напиша и книга, која, освен на македонски, е преведена и на англиски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top