| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ продолжува да се откажува од сè што е македонско- нивниот кандидат за градоначалник на Ѓорче ги следи постапките на Заев

По примерот на лидерот на својата партија, Зоран Заев, кој откако е на власт почна да негира скоро се македонско, кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Александар Наумоски ја негира македонската автохтоност  на Шарпланинецот. Тој вели дека Шарпланинецот е куче кое го делиме со Србија и дел од Албанија, пишува порталот „Денешен“.

Тој во видео кое го објави на својот Фејсбук профил, разговара за новата македонска автохтона раса на куче, Караман, за која како што вели Наумоски е првата македонска автохтона раса, а Шарпланинецот, инаку гордост македонска, како што вели Наумоски бил не само македонски, туку и српски и албански.

-Значи ли тоа дека ние ќе имаме автохтона прва македонска раса, која што не ја делиме со никого, зошто Шарпланинецот е оспорен заедно со Србија и дел од Албанија, од таа страна на Шар Планина, изјави Наумоски.

Трдењето на Наумоски го демантираше и неговиот соговорник, кој што кажа дека Шарпланинецот е македонска автохтона раса, човек инаку член на Кинолошкиот сојуз.

Потегот на Наумоски, а својствен за СДСМ, наиде на остри реакции на социјалните мрежи, граѓаните јавно го осудуваат ваквото однесување на кандидатот за граданачалник на Ѓорче Петров, тие велат дека тој исто како и неговиот лидер почнал да се откажува од се што е македонско и му порачаа да се засрами.

-Добро, како не ти е срам да се откажуваш од Шарпланинецот, кој е препознатлив симбол на Македонија, или и ти како твојот лидер почна да се откажуваш од се што е македонско? Како тоа Шарпланинецот не е автохтона раса и како то ние сме го делеле со Србија и Албанија? Шарпланинецот потекнува планиниските масиви на Шар Планина и е национално куче на Република Македонија. Името му потекнува токму од таму. Доста негирате се што е македонско . Засрами се!, вели еден од коментарите на социјалните мрежи.

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ, коментарот го избриша подоцна.

Шарпланинецот претставува автохтона раса овчарско куче, кое доаѓа од планинските масиви на Шар Планина. Кучето Шарпланинец е национално куче на Република Македонија. Шарпланинецот инаку живее во скоро сите планински масиви на Македонија, покрај Шар Планина, него го има и на Кораб, Стогово, Бистра. Шарпланинецот се прилагодил кон суровите услови на македонските планини, во кои со векови живее.

Очигледно, дека целта на СДСМ е да се негира се што е македонско, велат граѓаните. Претходно, премиерот Зоран Заев почна да ја негира македонската историја, откако го потпиша договорот со Бугарија, каде пишува дека спорните делови за Бугарија ќе бидат променети, инаку спорни делови за Бугарија се националните херои како Гоце Делчев, Никола Карев, Јане Сандански…

Инаку, откако дојде на власт СДСМ, единствена одлика им е играње со националните интереси, што очигледно пробуваат да го пренесат и на локално, покрај на централно ниво. Граѓаните цело време јавно го искажуваат совето незадоволство, револт и разочарување од потензите кои ги прави СДСМ. Меѓу ѓорчепетровци владее вистинско разочарување од ваквите коментари на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Александар Наумоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top