| четврток, 6 декември 2018 |

„Црн јаглен, тенок мраз“, победникот на „Берлиенале“, доаѓа на „Синедејс“

Во рамките на 13. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“, кој ќе се одржи кон средината на ноември 2014 година, љубителите на филмската уметност од Скопје ќе имаат можност да го погледнат победничкиот филм на овогодинешното 64. издание на Берлинскиот филмски фестивал – „Црн јаглен, тенок мраз“. Кинескиот филм „Црн јаглен, тенок мраз“ во режија на Дијао Јинан е криминалистичка приказна, исткаена од мрачната љубов, желбата за одмазда и сексуална страст во едно општество без морални вредности.

Покрај наградата „Златна мечка“, филмот „Црн јаглен, тенок мраз“, кој ја прикажува потрагата на еден детектив по серискиот убиец, на меѓународниот филмски фестивал во Берлин се здоби и со „Сребрена мечка“ за најдобра машка улога, која ја толкува Лијао Фан.

Ова е само еден од бројните наслови кои веќе се договорени за прикажување на фестивалот  „Синедејс“, покрај многубројните гости, работилници, предавања и останати настани кои ќе го одбележат изданието кое следува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top