| четврток, 6 декември 2018 |

Од 1 март оперските изведби од театарот „Метрополитен“ на директен пренос во „Синеплекс“

Киното „Синеплекс“ од март и официјално ќе почне со директниот пренос на оперските изведби од театарот „Метрополитен“ во Њујорк.
На 1 март (сабота) со почеток во 18 часот ќе биде прикажана операта „Принц Игор“ од сезоната 2013/14. Станува збор за познатата руска епска опера на Бородин, која повторно е поставена на репертоарот на „Метрополитен“ првпат по 100 години. Новата продукција на Дмитри Черниаков е брилијантно психолошко патување низ умот на конфликтниот херој, користејќи го животот на рускиот народ како заднина на ова дело. Бородиновата опера за владетелот, кој ја штител Русија од нападите на Половецките сили, последен пат беше изведена на сцената на „Метрополитен“ во 1917 година. Познатиот руски режисер Чернијаков дебитира во „Метрополитен“ со оваа опера, кој заедно со диригентот Џанандреа Носеда ја реконструираа врз основа на различните скици на Бородин кои останаа незавршени по неговата смрт.
За оваа експлозивна нова продукција на 43-годишниот режисер критичарите изјавуваат: „Бородиновата прекрасна лиричност во преден план и дозволува на оваа опера да наликува на ода за рускиот национализам , а многу повеќе на молба за мирна, постмодерна евроамериканска свесност“.
Во првиот чин, втората сцена е исполнета со 12.500 булки кои одделот на „Метрополитен“ задолжен за сценографијата ги изработи рачно.

_f2a1508

Џанандреа Носеда е диригентот на оваа изведба, познат по своите „Половецки танци“. Илдар Абдразаков ја пее насловната улога на руски херој од 12 век. Во главната улога е и Оксана Дика која во „Метрополитен“ дебитираше како Јарославна, втората емотивно кршлива жена на Игор. Анита Рачвелишвили е жестоката Половицка принцеза Кончаковна; Сергеј Семишкур дебитира во МЕТ како Владимир Игоревич, синот на Игор и љубовник на Кончаковна; Микхаил Петранко како принцот Галицки; и Штефан Коцан како воениот водач Кан Кончак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top