Последен пат таа била видена во јавност во Бангкок пред речиси една недела.
Премиерката на Тајланд, Инглук Шинаватра, заминала од Бангкок, каде што повеќе месеци се одржуваат антивладини протести, и се наоѓа на локација оддалечена од главниот град 150 километри, соопшти нејзиниот кабинет, без да го прецизира местото на престој.
Засега не се знае колку дена премиерката ги извршува своите должности надвор од Бангкок, пренесува Танјуг. Медиумите објавуваат дека последен пат таа била видена во јавност во Бангкок пред речиси една недела, а в четврток треба да присуствува на сослушување во врска со обвинувањата за корупција.
Тајландскиот министер за надворешни работи, Сурапонг Товичакчајкул, изјави дека Инглук утре ќе одржи владин состанок, веројатно надвор од главниот град.
Антивладините протести, кои траат веќе четири месеци, во последно време ги обележуваат сѐ почести престрелки и експлозии, а демонстрантите се упорни во барањето премиерката да поднесе оставка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.