По повод Денот на жената, 8 Март, скопскиот трговски центар „Ситимол“ им овозможува на сите припаднички на понежниот пол кои сакаат гордо да го претстават својот моден стил во јавноста и за него да добијат вредни награди учествувајќи во изборот на жена со стил.
– Идејата ни е да направиме нешто посебно за жените, особено за тие што ја сакаат модата, модните промени и ги следат модните трендови. Сакаме да го одбележиме денот на жената на еден уникатен, несекојдневен начин, со моден настан на кој, како за промена, нема да бидат претставени манекенки од модните студија, ниту, пак, дизајнерски парчиња облека, туку во центарот на вниманието ќе бидат дами од која било професија со свој препознатлив изглед. Избраната жена со стил ќе добие вредносени ваучери од „Ситимол“ – изјавуваат од трговскиот центар.
Од денеска (23 февруари) дамите кои сметаат за себе или за своите пријателки дека имаат уникатна модна појава, можат да се пријават за учество за избор на жена со стил, во веќе поставениот излог на влезот, кај ул. МАНАПО во „Ситимол“. Сѐ што треба да направат е да ги остават своите податоци кај одговорните лица за проектот, да имаат веќе 18 години и притоа да приложат фискална сметка од кој било локал во „Ситимол“ со износ над 500 денари и да очекуваат информација за датумот и за терминот за одржување на изборот.
По завршувањето на изборот, одбраните осум дами со најдобар стил ќе добијат ваучери кои ќе им послужат да изберат модни парчиња со кои потоа ќе се претстават на модниот настан. За дамите што ќе имаат храброст да учествуваат на изборот, исто така ќе бидат обезбедени награди од „Ситимол“.
Одговорни стилисти за целиот проект кои ќе ја изберат жената со стил ќе бидат нашите најпознати модни критичари Александар Билјановски-Дадар, Сергеј Варошлија и Сретен Костиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.