| четврток, 6 декември 2018 |

И Зоран Ставрески се потпиша за Иванов

zoran-stavreski-740x320-top

Вицепремиерот Зоран Ставрески, кој се споменуваше за можен кандидат за претседател на Македонија, се потпиша на иницијативата Ѓорге Иванов да биде повторно кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата.

Нова група јавни личност се потпишаа Иванов на конвненцијата на ВМРО-ДПМНЕ, која е закажана за овој викенд, да биде кандидиран за претседател на Македонија. Покрај Ставрески, се потпишаа и градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Владимир Неловски, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Асим Зекировски, претседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието, Антонио Милошоски, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, директорот УЈП, Горан Трајковски, проф. д-р  Весна Јаневска, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, како и градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

Мојот потпис за Претседателот Иванов е потпис за моралност во политиката, за принципиелност во националните интереси, лојалност кон државата и традиционалност кон семејните вредности! – посочи Антонио Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top