Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1 денар по литар во однос на цените утврдени со одлуката од 10.02.2014 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,50 денари за литар, утврди Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари за литар во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.02.2014 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 57 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,183 ден/кг и цената изнесува 40,698 ден/кг.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период беше повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период беше понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



