| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Олимпијадата покажа дека Русија е добронамерна земја

vladimir-putin

Рускиот претседател Владимир Путин ја поздрави успешната Олимпијадата во Сочи, сплотеноста на Русите и добронамерноста на Русија.

На церемонијата им беа врачени државни признанија на руските олимпијци кои освоија медеали, а Путин го потенцира и придонесот на организаторите, градителите, инженерите, како и „одлучувачкиот придонес“ на актуелната и претходната влада во подготовката на Зимските олимписки игри. Тој пособно ги посочи премиерот Дмитриј Медведев и вицепремиерот Димитриј Козак.

Путин ги повтори зборовите на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, дека Русија е отворена кон светот.

– За мене и за вас тука нема ништо чудно, ние знаеме какви сме. Добро е да му покажеме на целиот свет дека сме многу добронамерна земја, земја која знае да пречека гости, да направи празник не само за себе туку и за сите љубители на спортот, да постигнува резултати и успеси – нагласи Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top