Кој победи во Скопје, Металург или Барселона, е прашање за екипата на ЕХФ ТВ, кој прави избор на најдобрата ракометна постава во Лигата на шампионите за секое коло. Во десеттата рунда Металург ја „кутна“ на колена моќната Барса, славеше со 31-29, а ,сепак, нема ниту еден ракометар во идеалната седморка.
Затоа Барса, која го доживеа првиот пораз сезонава по 39 меча, го има пикерот Нодесбо во тимот од соништата на десеттата рунда. Не дека Данецот не играше добро, напротив беше одличен, но од него имаше подобри во тимот на Металург на вчерашниот меч. Лука Циндриќ одигра прекрасно на позицијата среден бек во остуство на Павел Атман, Гоце Георгиевски леташе на крило, Николче Митревски бранеше импресивно, одличен беше и Вугринец, на турбопогон беше и Миркуловски, но ниту еден од нив не се најде во идеалниот тим на колото.
ЕХФ си знае, тие го прават изборот, а Металург го направи најважното, ја победи моќната Барселона и ја одбрани скопската ракометна тврдина „Борис Трајковски“ заедно со вториот наш претставник Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


