
Американскиот „УС Њуз“ објави своја листа на 100 најдобри работни места во 2014 година во САД, а на првото место е прогамер.
Програмерите се платени на годишно ниво во просек 90.060 долари, а најдобрите во оваа професија во просек заработуваат 138.880 долари. Америакнскиот завод за статистика предвидува дека до 2022 ќе бидат отворени нови 140 илјади работни места во оваа област. Ако не можете да бидете програмер, тогаш не е лоша ниту професијата аналитичар на компјутерски системи, кој им помага на компаниите да ги складираат податоците и инфорамциите. Овие аналитичари во просек заработуваат 83.800 долари, односно 122.090 долари на повисоко ниво. Се проценува дека побарувачката за овие аналитичари ќе се зголеми за 24,5 отсто до 2022 година.
На ранг-листата на петте најдобри професии се и заболекарот (на трета), а потоа следат медицинска сестра и фармацевт. Лекарите се осми на листата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


