| четврток, 6 декември 2018 |

Клиперс славеа во Оклахома, Мајами силен и без Леброн

Во ноќта помеѓу неделата и понеделникот во НБА лигата се одиграа вкупно осум натпревари, а гостите беа подеднакво успешни како и домаќините.

Во првиот натпревар воедно и дерби на денот, Клиперси славеа во Оклахома со резултат 125-117. Најдобар во победничкиот тим беше Крофорд кој постигна 36 поени, а одлична партија пружија и Барнс со 24 поени, како и Грифин кој уфрли 20 поени.

Кај домаќините најефикасен повторно беше Кевин Дурант кој постигна 42 поени и 10 асистенции, Ибака уфрли 20, а Вестбрук кој се врати по повредата натпреварот го заврши со 13 поени, 6 асистенции и 5 скока.

 

Во Мајами актуелниот шампион и без Леброн Џејмс, кој не настапи поради скршеницата на носот заработена во дуелот со Ибака на претходниот меч на Хит, успеа да го совлада Чикаго со 93:79.

Во отсуство на Џејмс лидери на Хит беа Крис Бош со своите 28 поени и 10 скокови и Двејн Вејд кој додаде 23 поени и исто така 10 скокови. Џоаким Ноа со 20 поени и 15 скокови ги предводеше Булси кај кои 20 поени имаше и Таџ Гибсон.

Екипата на Лејкерс претрпе нов пораз, овој пат на домашен терен од Бруклин Нетс со резултат 108-102. Нетс до победата ги предводеше Вилијамс со 30 поени и 7 асистенции, додека искусниот Пирс уфрли 25 поени. Кај домашните Гасол постигна 22 поени и 11 скока, а новодојдениот Бејзмур успеа да уфрли 17 поени.

Хјустон уште еднаш во дербито на Западот го доби Феникс на гости со резултат 115-112. Целата петорка на Рокетс беше двоцифрена, а најефикасни беа Хауард со 25 и Харден со 23 постигнати поени.

Резултати:

Оклахома – Клиперс 117:125
Мајами – Чикаго 93:79
Кливленд – Вашингтон 93:86
Торонто – Орландо 105:90
Денвер – Сакраменто 95:109
Лејкерс – Бруклин 102:108
Феникс – Хјустон 112:115
Портланд – Минесота 108:97

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top