| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Бранко е поголем Грк од Самарас

Бранко Црвенковски со своето однесување придонесе напредокот на Република Македонија на патот кон европските и евроатлантските интеграции да биде девалвиран. Попречувањето на македонската евроинтеграција овој пат наместо од Грција, ќе дојде од Црвенковски, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пренесува МИА

Gruevski-so-koalicioni-partii-5
Тој на промоцијата на програмата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата  „За подобра Македонија“ во општина Центар Владимир Тодоровиќ посочи дека за прв пат во овие 20 години во кои земјата се стреми и ги реализира европските и евроатлантските интеграции попречувањето на патот нема да дојде од некој од надвор од некој друг туку ќе дојде одвнатре од некој домашен.
– Со пробивот во евроинтеграциите, Бранко не може да се помири. Затоа прави се за нас да не обвини. Бранко стана поголем Грк и од Самарас. Ако тој остане на бојкотот и го наруши имиџот што го доби Македонија, и го изгубиме позитивниот извештај и препораката, најпознатиот Грк нема да биде Ггркот Зорба, туку најпознатиот Грк ќе биде Бранко. Затоа што со неговото делување тој одработува за Грција, и со неговото делување Грција нема потреба да ни го попречува патот-нагласи Груевски.
Претседателот на Владата уште еднаш го повика лидерот на опозициската СДСМ да престане да гледа само на, како што рече, својата лична политичка кариера и заради тоа да не и прави штета на Република Македонија. Груевски повторно го повика Црвенковски на избори каде, според него, ќе можат да видат кому му веруваат граѓаните.
– Единствената мака што ја имаат и единствената работа што ги мачи и идеја да бојкотираат е дека тие немаат што да понудат. Затоа тие барат излез и начини како да ги избегнат изборите, рече Груевски.
На обвинувањата од опозициската СДСМ дека има диктатура и дискриминација претседателот на Владата рече дека зголемувањето на пензиите, стипендиите, субвенциите, социјалната помош не е диктатура и давањето финансиски средства за правење претстави, субвенциите за семејствата на членови од СДСМ, изградбата на објекти во општини каде што има градоначалници од СДСМ не е никаква дискриминација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top