
По формирањето нова влада во Украина, Европската унија, најверојатно, ќе биде подготвена да даде 20 милијарди евра за спроведување реформи во земјата, изјави претседавачот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Елмар Брок.
Брок со делегација на Европскиот парламент веќе е во посета на Киев. како што претходно беше соопштено од прес-службата на ЕП, европратениците ќе разговараат со делегати на Врховната рада за помош на украинските колеги по крвавите немири оваа недела во Киев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


