Понеделничкото рано утро носи повремен дожд, пред сè во југоисточните и во западните делови од земјава. Во овој дел од денот продолжува да паѓа снег на планините во споменатите краеви. Сепак, генерално, намалување на облачноста и со тоа престанок на врнежите се очекува од пладне. Разведрувањето ќе донесе релативно постудена понеделничка вечер, со температура само малку над нула Целзиусови степени. Ветерот ќе биде претежно слаб и од северен правец на струење.
Според прогнозата на „Метеопро“, минималната температура низ котлините ќе биде во границите меѓу 3 Целзиусови степени и 6 Целзиусови степени. Дневниот максимум ќе достигне вредност меѓу 8 Целзиусови степени и 12 Целзиусови степени. Највисока дневна температура на воздухот, до 14 Целзиусови степени, се очекува во југоисточниот дел од земјата.
Во Скопје се очекува претежно облачно време претпладне, а веќе попладне ќе настапува позначително намалување на облачноста. Ќе дува претежно слаб северен ветер. Минималната температура ќе има вредност околу 3 Целзиусови степени, а максималната околу 11 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.