Едно лице загина, а 27 се затруени со гас во мол во Њујорк. Шефoт на ресторанoт починал, а други 27 лица се затруени со гас откако јаглероден диоксид истекол во еден шопинг мол во Њујорк, соопшти „Си-Ен-Ен“. Полициja и спасувачките екипи пристигналe во ресторанот откако добиле повик дека 55-годишниот менаџер на локалот е најден онесвестен: При влегувањето во ресторанот и тие добиле вртоглавици од отровниот гас. Шефот на ресторанот за жал не можеле да го спасат, само во болница му била констатирана смрт, а персоналот од останатите локали бил евакуиран. Според информациите кои досега се познати најверојатно станува збор за истекување на гас за затоплување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк
-
За една недела нова рунда разговори за името во Њујорк


