| четврток, 6 декември 2018 |

Јунакот против Барселона, Никола Митревски: Секогаш играме со срце

„Секој ден не се победува Барселона, тим што немал пораз 36 натпревари, знаеме како помина со Пари Сен Жермен во двомечот , два пати лесно ги победија“ изјави по натпреварот јунакот на мечот против Каталонците битолчанецот Никола Митревски.

„Голема победа за Металург, докажавме дека сме квалитетна екипа, играме со срце, максимално борбено , можеби не сме некоја атрактивна екипа но сепак секогаш играме со срце“ вели Митревски во емисијата на Алфа ТВ.

„Одлична беше публиката имаше навивачи од цела Македонија, така треба да се бодрат сите македонски клубови особено Металург каде што играат голем дел од репрезентативците. Огромна чест и задоволство е да се учествува на ваков натпревар против Барселона пред ваква публика и во ваква атмосфера“, вели Митревски според кого гостите против македонските екипи  Металург и Вардар неможеле да поминат лесно оваа сезона во ракометната лига на шампиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top