| четврток, 6 декември 2018 |

Кирил Лазаров, еден и единствен, поздравен од публиката во Скопје со овации (Видео)

Кирил Лазаров е уникат, жива легенда на македонскиот ракомет, а потврда се стоечките овации со кои го дочека публиката во „Борис Трајковски“, иако вечерва ќе игра против македонскиот вицешампион Металург во последното коло од Ц групата, во Лигата на шампионите.

Идентично беше и на премиерата од оваа фаза кога Барселона му гостуваше на нашиот шампиион  Вардар. Македонската публика не го заборава огромниот придонес на Лазаров за ракометот во нашата земја.


Натпреварот меѓу Металург и Барселона почна во 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top