| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Распадот на Украина не е во ничиј интерес

SAD

Советничката на претседателот на САД по прашањата за национална безбедност, Сузан Рајс, денеска предупреди дека евентуалното распаѓање на Украина или враќањето на земјата кон насилство не е во интерес ниту на самата земја, ниту на Русија, Европската унија или САД.

Таа нагласи дека нема противречност меѓу „Украина, која дого време одржува културни и историски врски со Русија и една модерна Украина, која сака повеќе да се интегрира во Европа.

– Едното не му пречи на другото – нагласи таа во интервју за американската телевизија Ен-Би- Си.

Рајс ја предупреди Русија дека ќе дозволи сериозна грешка, доколку испрати војници во Украина, со цел да ги донесе на власт лицата, кои се блиски до неа.

Таа истакна дека САД не знаат каде се наоѓа Виктор Јанукович.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top