Стотина планинари од Прилеп, Пробиштип, Куманово и од планинарски друштва „Голачка срна„ , „ПОП„ и „Голак„ од Делчево денеска го реализираа планинарскиот марш, посветен на 70-годишнината од Февруарскиот поход.
Патеката од 12 километри со висинска разлика од 800 метри, од стартот до целта, планинарите ја совладаа за неполни четири часа.
Учесниците на маршот, заедно со претставници од Единицата на локалната самоуправа и на КУД „Гоце Делчев„ од Делчево, се поклонија пред спомен обележјето на февруарскиот поход на Голак и положија букети свежо цвеќе.
За настаните од НОБ и за престојот на партизанските единици и Главниот штаб на чело со генералот Михаило Апостолски, пред присутните на прославата говореше Глигор Миленковски, претседател на боречката организација од Делчево.
-Февруарскиот поход на ова подрачје во 1944 година и пролетната (мајската) офанзива се од огромно значење за омасовувањето на народно-ослободителнота борба и конечната победа над фашизмот – рече Миленковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



