Канада ја одбрани олимписката титула во хокеј, освоена на домашен терен во Ванкувер со уверлив триумф од 3-0. Тевс, Крозби и Куниц со по еден погодок го донесоа деветтиот олимписки трофеј за најтрофејната нација во хокеј. Швеѓаните остана на двете круни што ги имаа и пред стартот на турнирот во Сочи, а попладнево беа инфериорни во дуелот со претсавниците на „јаворовиот лист“.
Канаѓаните доминираа, упатија 36 удари кон голот на противникот, наспроти 24 на Швеѓаните и заслужено му се радуваат на златниот медал.
Вчера во битката за бронзениот медал Финска со 5-0 ги декласира САД, а интересно е што во двата меча за медали, поразените селекции не постигнаа гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


