Современ апарат кој го го спречува крварењето за време на операции набави министерството за здравство за тораковаскуларната клиника. Не ги оштетува здравите ткива ,не се користат конци, ги намалува компликациите и го скратува времето за хируршките зафати и престојот на пациентите во болница. Новата опрема служи за операции на дојка, хранопровод,бели дробови,тироидна жлезда, а по потреба ќе ја користат и други клиники. Досега со апаратот извршени се 50-тина интервенции.
Вредноста на овој апарат изнесува 3 милиони денари. КАРИЛ доби 20 нови аспиратори,за секој кревет т по еден. Со нив ќе се спречи ширење на болнички инфекции меѓу пациентите. Во тек е набавка на нова опрема за повеќе болници и клиники во вредност од над 11 милиони евра.
Исто така ќе се набават и биохемиски реагенси во вредност од 10 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


