Пред Основното училиште „Рајко Жинзифов“ вчера, во 13.45 часот, скопјанка со иницијали Б.З. (48) била напданата и ограбена. Непознатиот напаѓач ѝ се доближил од зад грб, ја удрил со тупаница во лицето, од вратот ѝ го искинал и одзел златниот ѓердан, а потоа избегал. Со разбојништвото сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 18.000 денари.
Се преземаат мерки за наоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


