Настаните во Украина влегуваат во втора фаза. По внатрешните немири следи интернационализација, и отворено влегување на другите држави, кои имаат интерес од украинската разврска, во разрешницата на украинската криза, пишува „Вечер“.
САД отворено го подржааа превратот, воспоставување нова власт надвор од Уставот и спогодбата која ја потпишаа претседателот Јанукович и тројцата опозициони лидери Кличко, Јацењук, Тјагнибок. Ситуацијата на теренот покажа дека тие и не биле лидери на протестите, туку радикалните парамилиции од Самоодбрана и Десниот сектор кои пукаа врз полицијата и застанаа зад Јулија Тимошенко, која во саботата излезе од затвор без одлука потпишана од престедателот Јанукович, што беше и едена од точките на спогодбата за мир.
Од Европската унија следеше признавање на новонастанатата состојба.
Москва најави дека во случај на поделба на државата, тие воено ќе интервенираат во Крим, полустров во кој имаат своја морска флота и етничка доминација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


