Во интервју за „Радио Слободна Европа“, француската амбасадорка Лоренс Оер потенцира дека она што е важно е дека постои консензус кај македонското население во однос на стратегиската визија на земјата, односно нејзината евроатланска интеграција.
-Нема никакво барање за промена на идентитетот, ниту на граѓаните, ниту на земјата и тоа е многу важно да се разбере, затоа што овој процес не е процес на откажување. Треба да верувате, еве во еден претставник на Франција, земјата која веднаш ја призна независноста на Mакедонија во 1991 година како независна и суверена земја – не бараме од вас да направите чекор наназад, туку токму спротивното“, вели француската амбасадорка Лоренс Оер во интервју на Радио Слободна Европа.
Она што е важно е дека постои консензус кај македонското население во однос на стратегиската визија на земјата, односно нејзината евроатланска интеграција. Тоа е многу важно затоа што таа рамка која е веќе утврдена за наредните години ние ја поддржуваме, посебно Франција ја поддржува. Прашањето за името во таа рамка треба да се реши, додава француската амбасадорка.
-Во однос на спорот ќе кажам дека тој подлежи под механизам на меѓународно посредништво, кој е од посебен вид. Станува збор за механизам кој зависи од Обединетите нации и кој бара двете земји да ги приближат ставовите, бидејќи медијацијата ќе биде успешна само ако двете земји го сакаат тоа и ако двете земји одлучат да се придвижуваат напред и да ги приближат ставовите. Повторувам, затоа што сиве овие години оваа медијација постои без да даде резултати, во земјата се губи надежта за какво било решение и не гледаме како да се излезе од овој магичен круг. Прво сакам да кажам дека прашањето за името треба да се реши и второ, нема никаква причина да се нема доверба во механизмите, посебно европските механизми, нагласува Оер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа


