
– Во услови кога модернизацијата и резултатите на македонската даночна управа се позитивно оценети од страна на сите релевантни меѓународни организации, нашиот напредок претставува пример во регионот и 94 отсто од македонските граѓани и бизниси доброволно ги плаќаат даноците, во „сопствениот двор“ некој за ситни политички поени го промовира плаќањето на данок како „државен рекет“-стои во реакцијата на УЈП.
Во соопштението се наведува дека токму пратениците треба најдобро да знаат дека плаќањето даноци не е „рекет“ туку уставна обврска според која секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.
– Во делот на транспарентноста на УЈП, некои политички партии имаат „амнезија“. За сите наведени случаи „Детонатор“, „Пари во шише“, „Станови на Груевски“ и за сите други случаи кои биле завршени во делот на УЈП, информирана е целокупната јавност и доволно е само да се прелистаат архивите на медиумите- се наведува во реакцијата од УЈП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство


