| четврток, 6 декември 2018 |

Јанукович спречен да избега во Русија

janukovic

Осуетен е обидот на претседателот Виктор Јанукович со авион да отпатува за Русија и сега претстојува во Донецката Област, изјави вечерва новоизбраниот претседател на украинскиот Парламент Олександар Турчинов.

Тој наведе дека Јанукович се обидел да се качи во авион за Русија, но бил спречен од граничната полиција.

Претходно, Парламентот со 328 гласови „за“ од вкупно 447 пратеници изгласа отповикување на претседателот Виктор Јанукович и распиша парламентарни избори на 25 мај.

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која денеска беше ослободена од затвор, најави дека ќе се кандидра на престојните претседателските избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top