| четврток, 6 декември 2018 |

Јулија Тимошенко ослободена: Долу диктаторе!

timoshenko kolicka

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко е ослободена од затвор, јави ИТАР-ТАСС. Таа ја напушти клиниката во Харков каде се лекуваше, откако украинскиот парламент вчера изгласа измени во кривичниот закон, со кои се дозволува ослободување на Тимошенко. Таа во 2011 година беше осудена на седумгодишна казна затвор поради злоупотреба на службената должност. За Западот процесот против неа беше политички мотивиран.

-Диктаторството падна. Долу диктаторе! – изјави таа по ослободувањето.

Тимошенко од Харков замина за Киев. Таа изјави дека планира да се кандидира на претседателските избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top