Парламентот во Украина со 328 гласови „за“ од вкупно 447 пратеници изгласа отповикување на претседателот Виктор Јанукович.
Парламентот, исто така, распиша и парламентарни избори на 25 мај.
Јанукович е отповикан бидејќи „противуставно ги запоставил уставните ингеренции и е неспособен да ги извршува задачите“.
Врховната рада пред расправата за Јанукович го прогласи за сепаратист.
Сите административни згради во Киев се под контрола на демонстрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.